Мачката на Лагерфелд заработува повеќе од Кендал Џенер и Кара Делевин

од Vladimir Zorba

Белата убавица со јасно сини очи од расата бирманска мачка е толку почитувана од познатиот сопственик така што живее како вистинска принцеза. А нејзиното имет работи само за неа и за креативниот директорот на модната куќа Chanel.

Само што мрази парфеми, инаку одамна ќе станеше и лице на Chanel №5.

Последниот гест со кој дизајнерот ја овековечи својата љубов кон Шупет е тоа што на пазарот ја пушти нејзината плишано копија. Лимитирана серија на една од најпознатите мачки во светот Лагерфелд ја направи во соработка со германскиот производител на играчки Steiff. Кадифенаста играчка е долга 40 сантиметри и чини 499 евра. Пристигнува во стилска-обвивка со подарок механички глушец и, се разбира, со сертификат за автентичност. Може да се нарача во онлајн продавницата на дизајнерот – кarl. com, каде се продаваат и други скапи стоки од серијата поврзани со омилената мачка.

Оттаму за 281 евра може да се купи миризлива свеќа со нејзин автограм за 317 ќе добиете шарена торба со уши и мустаќи, а за 299 евра – моден детал стилизиран со лик на познатото животинче. Ако не сте толку платежноо способни, но вистински паѓате на Шупет, за вас има книга само за 21 евра, во која е опишан неверојатно нејзинот мачји живот со бројни фотографии.

Вистинската Шупет е неверојатно стилски негувана. Таа има десетици илјади следбеници на Instagram и Twitter. Тоа може да се мери со модели од рангот на Кендал Џенер, бидејќи неколку пати била на корица на познати модни списанија. Покрај тоа, според една студија направена од New York Daily News, во 2015-та Шупет има заработено над 4 милиони долари – повеќе отколку моделот Кара Делевин за истата година.
Лагерфелд сепак смета дека нема опасност мачката му да настрада од популарноста бидејќи во вените има благородничките крв.

“Таа нема поим колку е позната. Едноставно се однесува како вистинска принцеза, секое нејзино движење е прекрасно. И има толку сини, сини, сини очи! “.
За живеење на Шупет се носат легенди. Таа “патува” низ улиците на Париз во транспортна торба за миленичиња на Louis Vuitton за фантастичната цена 52.000 евра. Мачката има две лични слугинки кои, како што се зборува, го вршат секој нејзин каприц и запишуваат во посебен дневник сè што прави.

Едната од слугинките – Франсоаз, е фаворитка на Шупет – таа одлучува какава фризура ќе има и секакви други козметички процедури. Зашто, како и секоја мачка, таа не ја сака водата, не сака да се капе и затоа корстат со сув шампон. Лагерфелд раскажува дека таа е голема палавица и сака да трча низ куќата, да лови муви во градината и да му пречи, кога тој работи.


А не дај боже да’падне некој документ од хартија – го уништува . Шупет се храни два пати на ден и секогаш седи на специјален стол на масата со Карл. Но треба секој пат да и се сервира по 3-4 работи истовремено, за да си избере што скада да јаде. А на секои 10 дена ја водат на преглед кај ветеринар.

Слични содржини