Мадридската берза и акциите во каталонските банки забележаа пад

од desk4

Мадридската берза и акциите во каталонските банки забележаа пад откако каталонскиот парламент изгласа независност на областа од Шпанија.

Главниот индекс на берзата во Мадрид IBEX35 се намали за повеќе од еден отсто на 10.198,50 поени, откако каталонскиот парламент гласаше за започнување конститутивен процес за одвојување од Шпанија со 70 гласа „за“, 10 против и двајца воздржани.

Вредноста на акциите на Каиша банката, третиот најголем кредитор во Шпанија, се намали за околу пет отсто, додека кај акциите на банката Сабадељ, петтиот најголем кредитор, е регистиран пад за околу шест отсто.

Слични содржини