Грчката влада се обидува да подгрева стравови. Јавно сеуште не разбрала дека и на други места во светот владите сакаат да бидат (ре) избирани, пишува Бертолд Колер во “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”.

0,,18504503_303,00
Уште пред почетокот на сегашните бриселскиот преговори за издавање на нови грантови на Грција, премиерот Ципрас зеде да слика апокалиптични слики. Ако преговорите пропаднат, тоа требало да биде почетокот на крајот на целата еврозона. Оваа реченица, се разбира, не е измислено од самиот него. Тој само го повтори она што повеќето политичари во ЕУ го разбираат како закана и тоа не само за еврозоната. Не само германската канцеларка Меркел е на мислење дека евентуалното распаѓање на монетарната унија би можело да го загрози целиот проект за европско единство. Ципрас се обидува да заработи токму на овој страв. Грчката влада се потпира на тоа дека другите земји од еврозоната немаат друг избор освен да продолжат да ја издржуваат Атина со милијарди, без разлика дали сакаат или не. Овој пристап не изненадува никого. Со своите зборови и дела, со добрини, но и со своите прегрешенија, ЕУ и нејзините институции успеаја да го зацврстат кај Грците сличниот впечаток.

Едно нешто очигледно сеуште останува неразбрано од Владата на Ципрас, иако постојано се повикува на својата обврска да ја почитува волјата на гласачите. И во другите земји од ЕУ целата власт произлегува од народот. Меѓу германскиот народ и неговите претставници во Бундестагот природно се намалува подготвеноста постојано да подготвуваат нови спасувачки пакети за една земја која не искористи од дадените нејзините кредити, и која не се одликува со особена волја, ниту пак со поголема способност да ги спроведе реформите кои се во нејзин сопствен интерес. Паралелно со тоа меѓу Германците расте незадоволството од нарушувањето на принципите и правилата кои едно време беа претставувани како непоколебливи – тогаш, кога тие самите влегуваа во монетарната унија.

Ципрас нема преголем простор за преговори – на оваа позиција тој ја извојува својата изборна победа. Но и полето за дејствување пред далеку моќната германска канцеларка не е бескрајно. Незадоволните германски пратеници мирно би можеле повеќе гласно да изјават дека без Бундестагот не можат да се прават никакви суштински промени на склучените договори веќе, ниту пак можат да се прават нови парични трансфери. Тоа би и помогнало на Меркел во нејзината борба со Ципрас. Неговата влада би требало да се плаши од државен банкрот барем колку и нивните партнери во преговорите. Засега барем Ципрас и неговите луѓе сепак не изгледаат гонети од слични проблеми. Зарем сите тие се толку добри покерџии? Сите други можни објаснувања би биле далеку алармантни.

Бертолд Колер (Frankfurter Allgemeine Zeitung)

www.faz.net

Сите права се задржани.

Frankfurter Allgemeine Zeitung GmbH, Frankfurt am Main

Слични содржини