Македонија подига ограда на границата со Грција за да создаде само „еден влез“ за бегалците и мигрантите, а не за да ја затвори границата, изјави претседателот Ѓорге Иванов за грчкиот весник „Катимерини“.

migranti

Весникот наведува дека Македонија пред неколку дена почнала со градежните работи, поради загриженоста дека илјадници мигранти ќе останат заглавени на грчката страна на границата.

Иванов, за грчките новинари кои ја посетија Македонија поради бегалската криза им соопштил дека Македонија ќе продолжи да ги враќа во Грција сите мигранти кои ќе бидат протерани од нашите северни соседи.

Џон Овен: Потребно е цеосно транформирање на јавниот сервис, но лиценцирањето на новинари е ужасна идеја

– Ако видиме дека северните европски земји го прават тоа, ние ќе го следиме нивниот пример – изјавил Иванов.

Македонскиот претседател минатата недела поради бегалската криза и заканите од тероризам свика итна седница на Советот за безбедност на која беше заклучено дека е можно да се подигне ограда на границата со Грција, доколку не се намали напливот на мигрантите и нареди веднаш да се почнат подготовки на теренот.

Иванов претходно изјави дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови и дека земјата има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци.

 

META

Слични содржини