Македонските власти немаат информации дека од земјата биле протерани двајца чешки граѓани, информираше портпаролот на чешкото Министерство за надворешни работи Михаела Лагронова, јави дописникот на МИА од Прага.

132561214-540x320

Веста за наводно протерување на двајца Чеси ја пренесе македонски портал повикувајќи се на полициски извори, а ја пренесоа медиумите во Чешка објавувајќи и имиња со иницијали на момчињата.

Младите Чеси наводно учествувале во опозициските протести и оштетиле неколку споменици во Скопје.

– Македонското Министерство за внатрешни работи не информираше дека во последните недели нема никакви вести за протерување на чешки граѓани, изјави Лагронова.

Таа додаде дека македонската гранична полиција истакнала дека двајца Чеси ја напуштиле Македонија без никакви проблеми уште на 22 април.

Слични содржини