Најверојатниот кандидат за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп без сомнение е лош човек, изјави денеска францускиот премиер Мануел Валс, кој и претходно јавно упатуваше критики на негова адреса.tramp

Валс, во изјавата за телевизијата „Публик сена“ посочи дека во земјите со демократски системи, соочени со економска и еколошка глобализација, како и пред глобализацијата на тероризмот, се покренуваат многу длабоки прашања за репрезентативната демократија. Сето ова го користат популистите, потенцира Валс.

– Впрочем, Франција не треба да им дава лекции на другите. Ние исто така го имаме овој проблем, призна премиерот, алудирајќи на високата поддршка која ја ужива крајнодесничарската партија „Национален фронт”.

Во декември, кога Трамп се уште не беше единствениот кандидат за номинација на Републиканската партија, премиерот социјалист го критикуваше американскиот милијардер и неговиот предлог да се забрани влез на муслимани во САД.

„Господин Трамп, како и други, поттикнува омраза и конфузија”, напиша Валс на Твитер.

Слични содржини