Марсело фрли бомба: Нејмар ќе премине во Реал!

од Vladimir Zorba

Крајниот дефанзивец на Реал Мадрид, Марсело увери пред натпреварите со ПСЖ во Лигата на Шампионите, дека еден ден ѕвездата на ПСЖ – Нејмар ќе заигра во дресот на „белите“.

„Мислам дека Нејмар ќе игра за Реал Мадрид еден ден. Дали ќе се вклопи во нашиот тим? Да, секако. Би било одлично ако го видиме во Реал. Според мене најголемите фудбалери мора да играат за нашиот клуб“, објави Марсело пред „Esporte Interativo“.

Како што е познато, неодамна и претседателот на Реал, Флорентино Перез налеа масло на огнот. Тој рече дека шансите на Нејмар да ја освои „Златната топка“ се најголеми, ако е дел од „кралскиот“ клуб.

Слични содржини