Медиумското ад хок тело заглавено – висат ли изборите во декември!?

од Vladimir Zorba
Ништо ново околу изборот на петиот член со кој треба  да се формира ад хок телото кое ќе мониторира и санкционира медиумско известување во текот на 100-те дена пред избори, информира 24Вести. 
Само 3 дена до најавената лидерска средба на која лидерската четворка треба да го потврди изборниот датум и да дадат  гаранциии дека условите се исполнети еден од двата  клучни услови тапка во место.
Од партииите молчат дали неформирањето на ад хок телото ќе значи и повод за одлагање на изборите, за кои партиите се поотворено минатата недела порачуваа дека ќе се одржат во декември.
Само од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека според нив услови за избори имаше уште во април. Од политичката четворка нема ниту коментар за повиците на партиски предложените членови во ад хок телото да се вклучат во решавање на блокадата околу изборот на петиот член.
Избраните претставници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се состанат утре, а викендов иако велат се во постојана комуникација поместување нема. Се уште изборот е загалвен на Даут Даути и Сефер Тахири.

Слични содржини