Меѓународна награда за општествена одговорност од Бизнис конфедерацијата за Охридска банка

од desk2

Бизнис-конфедерацијата на Македонија ја додели „Меѓународната награда за општествена одговорност“ на Охридска банка Сосиете Женерал за концептот „План за стан“, категоризирајќи го како проект од општествен интерес кој има придонес кон пазарот и клиентите.

Како што информираат од банката, концептот „План за стан“, со вклучено кредитно животно осигурување, Охридска банка Сосиете Женерал го претстави на почетокот од минатата година, со цел да им обезбеди на клиентите уникатен производ на станбен кредит кој се одликува со најдолг временски период на гарантирана каматна стапка, транспарентност и безгрижност, бидејќи клиентите со сигурност го знаат износот на својата месечна рата.

‒ Покрај признанијата од страна на клиентите и институциите во државата ги препознаваат заложбите на нашата банка во развојот на производи и услуги кои во целост ги задоволуваат барањата и потребите дури и на најспецифичните категории клиенти, вели Бранка Павловиќ претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Како што наведуваат во соопштението, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите, кои ќе аплицираат за станбениот кредит „План за стан 2030“, да изберат меѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44 отсто годишно од износот на кредитот или целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85 отсто годишно од износот на кредитот.

При доделувањето на наградата, извршниот претседател на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков истакна дека Охридска банка Сосиете Женерал поседува стратешки приод кон општествената одговорност која со години наназад промовира и укажува на успешни општествено одговорни практики во нашата земја, за односот кон вработените и општеството, односите на пазарот, кои можат да се користат како позитивен пример и мотивација за останатите банки.

Тој додаде дека Охридска банка Сосиете Женерал ги следи интернационалните стандарди, а со тоа докажува дека корпоративната култура и човечкиот капитал се најважен дел од компанијата.

Ова е втора награда што Охридска банка Сосиете Женерал ја добива за општествено одговорно работење. Во 2015 година, Охридска банка Сосиете Женерал ја освои наградата за општествена одговорност во категоријата Односи на пазарот за проектот „Осигурување на кредитни и дебитни картички“.

Слични содржини