Меланија Трамп ја задржува градината на Мишел во Белата Куќа

од Vladimir Zorba

Сопругата на претседателот на САД Доналд Трамп – Меланија, одлучи да го задржи градината, која нејзината претходничка Мишел Обама ја создаде на територијата на Белата куќа, соопштува Time.

Виш советник на жената на претседателот – Стефани Винстон Волкоф, изјави CNN дека првата дама сака да ја зачува и развива.

“Многу сум горда дека оваа градина ќе живее како симбол на надеж и соништа на секој од нас кој сака поздрава нација за нашите деца”, рекла Трамп.

Мишел Обама ја создаде овошната градина во 2009 година, за да даде пример како се објаснува на децата и адолесцентите користа од здравата исхрана и да покаже како да се справи со дебелината. Некои од децата кои учествувале во отворањето беа поканети и оваа година таму.

За време на Втората светска војна Елинор Рузвелт направи на територијата на резиденцијата Градина на победата, за да даде пример на Американците дека дури и во кризни времиња секој Американец ќе може да обезбеди храна.

Слични содржини