Мила Кунис и Ештон Качер очекуваат син

од Vladimir Zorba

Мила Кунис и Ештон Качер очекуваат син, тврдат жолтите медиуми во САД.f1dad7019800d3ff9f77a633a1ff9556

Актерската двојка веќе доби ќерка, која го носи името Вајат Изабел и на 1 октомври ќе наполни две годинки.

Според гласините холивудските ѕвезди се исклучително среќни од фактот дека ќе имаат и момченце наскоро.

Извор близок до 33-годишната Мила вели пред списанието Life & Style: “Иако велеа на сите дека немаат ништо против да имаат уште една ќерка, вистината е дека и двајцата сонуваа за син.”

Кунис и Качер се познаваат 17 години, но во поголемиот дел од овој период тие беа само пријатели. Нивната врска почна откако тој се разведе од Деми Мур, а таа се раздели со својот долгогодишен пријател Маколи Калкин.

Слични содржини