Западниот печат забележува дека склучениот договор во Минск се своевидна дипломатска победа за рускиот претседател Владимир Путин, кој ги натерал Киев и западните влади да направат отстапки, а самиот тој не ја презел гаранции информира Газета.ru.

 

Ukraine peace negotiations in Minsk

Според новинарите Москва може во секој момент да го “одмрзне” конфликтот, за да влијае врз Киев ако Украина зачекори кон интеграцијата во евроатланските структури.
Во уводникот на Washington Post се нагласува дека Минскиот договор не го”ограничува” многу Путин. Авторите веруваат дека договорите не го ограничуваат рускиот претседател во “неговите амбиции за создавање на марионетска држава во Источна Украина, која може да биде употребена за дестабилизација на целата земја “.

Изданието пишува дека Путин со својот “дипломатски габарит” успеал да го одложи воведувањето на нови санкции, а исто така дал основа на администрацијата на Обама да ја преиспита одлуката за набавка на оружје за Украина.

“Господин Путин може да преземе воена агресија против Украина во секое време, а наметнување на нови санкции или испораката на оружје може да трае со недели”, забележува авторитетното издание.

Wall Street Journal ги утврди договорите како “победа за Путин”, кои овозможуваат да става “вистинските владетели” во Украина.

Сега, пишува весникот, без употреба на воена сила Путин може да ја вметне источна Украина во еден од постсоветските “замрзнати конфликти”, по примерот на Трансдњестар или Абхазија, и да го “одмрзнува” кога ќе одлучи.

Далеку повеќе, тоа е постојана закана за Киев во случај ако бараат можност за воспоставување на блиски односи со ЕУ и НАТО, нагласува весникот.

Британското економско издание Financial Times истакнува дека по потпишаните договори дебатата за можни испораки на оружје за Киев продолжува. Весникот го цитира мислењето на авторитетниот американски политиколог Стивен Сестанович, специјалист по Русија и пост-советскиот простор, кој е убеден дека во случај на прекин на огнот во Украина, Киев треба да добие западно оружје со цел “заштита на мирот”.

..
Конзервативното британско издание The Times ја одредува спогодбата како “Подарок за Кремљ”. Според авторот на статијата Путин со помош на европските лидери Ангела Меркел и Франсоа Оланд “успеаја да замрзне еден од најтешките конфликти на нашето време”.

Можно е во Украина да има некој привид на мир, но само според воспоставени од Кремљ услови, додава The Times.

Американскиот експертски центар Stratfor забележува дека практичната примена на договорот ќе покаже дали чинеле сите напори. Според експертите договореното во Минск е “огледало”, што се одразува на договорот од септември, кој не беше применет во пракса.

Но според аналитичарите дури и договорот да биде применет, треба да се решат многу подлабоки проблеми поврзани со конфронтацијата меѓу Западот и Русија.

Според Deutsche Welle втората средба во Минск “не даде одговори на многу прашања”.

Слични содржини