Прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Руската Федерација внимателно го следи самитот на НАТО и се надева дека на него ќе преовалда здравиот разум, пренесе ТАСС.

Dmitry Peskov
“Се разбира, се обидуваме да бараме и зрнца на рационалност, какви лесно можеме да видиме, на пример, во денешните искази на господин (генералниот секретар на НАТО Јенс) Столтенберг дека е потребно да се одржуваат контактите, дека нема никаква непосредна закана од страна на Русија и така натаму “, рече тој. “Сметаме дека здравиот разум сепак треба да преовлада”.
Песков, изјави дека Москва го следи внимателно самитот и се надева дека здравиот разум и политичката волја ќе направата да се избегнат конфронтацијата и ожесточувања “. Тој изрази жалење по повод изјавата на полскиот министер за одбрана Антони Мачеревич дека е неопходно да се прошири воениот потенцијал на НАТО.

“Русија беше и продолжува да биде отворена за дијалог, заинтересирана е за соработка, но само со рзгледување на заедничките интереси”, изјави Песков.

Смешно е Алијансата да зборува дека од Русија доаѓа каква било воена закана, рече тој, цитиран од агенциите.

Слични содржини