Мултановски: Очекувам новата влада да ги спроведе неопходните реформи

од Vladimir Zorba

Очекувам по доделување на мандатот да се формира влада која ќе работи на реформите за евроинтеграциите, за што ќе ја има полската поддршка, порача амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски. Тој денеска учествуваше на конференцијата „Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?“ која се одржа во Скопје.

– Вчера претседателот Иванов го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев и тоа е важен чекор во процесот на формирање нова влада, која, се надевам, ќе биде способна да ги спроведе сите неопходни реформи за евроатлантска интеграција. Полска е силен поддржувач на македонските евроатлантски аспирации и сме подготвени да соработуваме со вас и да ви помогнеме во тој процес – изјави Мултановски.

Слични содржини