На 89-годишна возраст почина Роџер Мур (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Популарниот британски глумец Роџер Мур, кој е најпознат по улогата на Џејмс Бонд, почина денеска на 89-годишна возраст, соопштуваат од неговото семејство.

Мур го глумеше популарниот шпиун 007 во седум филмови.

Од неговото семејство преку Твитер соопштија дека глумецот починал по „кратка, но храбра борба со рак“.

Роџер Мур починал во Швајцарија, а семејството ќе организира приватен погреб во Монако, бидејќи таква била неговата желба.

Слични содржини