На Јутјуб е објавено и второ видео, снимено во кабинетот на премиерот од средбата Никола Груевски и Зоран Заев, јавуваат повеќето електронски медиуми

zaevGruevski 3

И ова видео е со лош квалитет, а поставено е од ист извор како и првото, кое ТВ Сител го објави во дневникот и напиша дека Заев кажал дека материјалите му се од тајни служби. Во второто видео се слуша Груевски како потпрашува дали материјалите се од странска служба и чека одговор.

Интересно е  што и на двете видеа не се пушта содржината што зборувале. Што барал ЗАев? Што изнел како докази во тие снмики кои ги имал , туку им само еден детаљ каде тој нормално не кажува како ги набавил, туку дека се од странски служби и не од соседството туку  други многу големи.

Вчера ја бележиме и реакцијата на ЗАЕВ  каде вели дека се покажало  и се  се гледа кој тајно снимал средби во кабинетот на премиерот  и како е сниман лидерот на опозицијата, и дека тоа е класично неовластено прислушување.

Кој тоа неовластено снима и прислушува во државата? Странски служби или лично Груевски? Сега се е јасно! Зарем навистина мисли Груевски дека ќе му ја кажам вистината кој тоа ми ги доставил доказите, изјави Зоран Заев за Плусинфо.

Слични содржини