По два долги денови на преговори Европската унија се согласи на договор за промена на условите на членството на Велика Британија. Дејвид Камерон едноставно го  сакаше договорот пред референдум на Островот, каде граѓаните ќе решат дали европското членство на земјата да продолжи.

камер

АФП  го споредува она на кое Камерон се надеваше во писмото до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск од ноември, и тоа што успеа да постигне преку серија компромиси, формулирани до одреден степен со двосмислена дипломатски јазик.

Имиграција

Што сакаше: Поставен под напон од општеството и неговата Конзервативна партија, Камерон сакаше европските имигранти во Велика Британија да причекаат 4 години пред да добиваат социјална помош за работа и државни станови. Тој исто така сакаше гастербајтерите да не добиваат детски додаток, туку  да ги праќаат на своите семејства во своите родни земји.

Што доби : Иако источноевропските земји беа против тоа, Камерон обезбеди “итна сопирачка” за седум години на некои од социјалните бенефиции за новопристигатите  имигранти од ЕУ. Исто така, големината на детските надоместоци ќе биде во согласност со стандардот во родната земја на работниците. Ова важи за новодојдените, но може да ги опфати сите мигранти по 2020 година.

Суверенитет

Што сакаше: Камерон имаше неколку барања поврзани со мислењето дека Брисел има премногу голема власт над британските институции. Тој сакаше да излезе од ” најблиската унија”, едно од основните сфаќања за Европскиот проект, по “законски и неповратен” начин. Британија побара можност за “црвен картон”, кој да претставува можно вето на општи закони изгласани во Брисел, кој може да биде прикажан од мнозинство од националните парламенти.

Што доби : Камерон обезбеди излез од ” најблиската унија”. Општите договори ќе бидат промени, па Велика Британија да не е обврзана на тоа. Тој доби и “црвениот картон”, иако ќе може да биде прикажан од 55% од 28-те национални парламенти, што го прави тешко практично остварливо

 Економска политика

Што сакаше: Камерон сакаше ЕУ да не може да го  користи статусот на Велика Британија на земја надвор од Еврозоната против самата неа. Оваа тема е чувствителна, бидејќи   Сити на  Лондон е најважниот финансиски центар на континентот. Камерон побара закони во кои ЕУ да признава дека има повеќе од една валута и во земјите надвор од еврозоната кои не смеат да бидат дискриминирани.

Што доби : Камерон рече дека постигнал заштита на Сити од дискриминацијата на земјите од еврозоната. Според премиерот ЕУ за првпат признала дека има повеќе од една валута. Тука сепак формулациите во договорот се нејасни, а во него се зборува за “соживот на различни перспективи”. Шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер нвели  дека Велика Британија нема да има право на вето за прашања на еврозоната. “Во текстот тоа е кристално јасно”, изјави Јункер.

Конкурентност

Што сакаше: Камерон  му изјави на Туск дека неговата земја сака укинување на ограничувањата за бизнисот. Тој исто така ја повика ЕУ да продолжи со мерките за слободно движење на капитал, стоки и услуги, со цел економски развој.

Што доби : Јункер одамна истакнува за  подобрувањето на конкурентноста како приоритет, па оваа сфера не беше толку проблематична. ЕУ се согласи на “зголемување на конкурентноста” со “конкретни чекори”. / АФП

Слични содржини