Проектилот погоди автобуска станица во центарот на Донецк. Четири лица се убиени, петмина се повредени, јави ТАСС, цитирајќи ја агенцијата на самопрогласената Доњецка народна република. Првите информации беа за две жртви.

UKR

Нападот е извршен околу осум часот утринава. Еден од гранатите ја погодил автобуска станица “Центар”. Според очевидец, цитиран од Ројтерс, проектилот го пробил покривот на автобуската станица и запалил два автобуси. Оштетени се и зградите во соседството .

Најмалку 19 украински војници се убиени во последното деноноќие во битки низ сепаратистичките источни области на земјата, соопшти денеска воен портпарол на Киев, цитиран од Франс прес.

Покрај 19-те убиени, во изминатото деноноќие се повредени 78 украински војници, прецизира Владислав Селезнов. Петмина загинаа во вчерашниот напад со реактивни артилериски лансери “Смерч” против градот Краматорск, каде е седиштето на Киевските сили во немирниот Исток.

Вкупно 204 војници од украинската армија се заробеници на сепаратистите, соопшти портпаролот, цитиран од агенциите. Размена на заробеници меѓу завојуваните страни се очекува на 11-ти февруари. Според волонтери сепаратистите може да ослободат близу 40 заробени Украинци.

Вечерва во Минск претстои средба, на која лидерите на Германија, Русија, Франција и Украина ќе се обидат да стават крај на конфликтот, потсетува агенцијата.

Слични содржини