140 илјади луѓе се собраа на традиционалниот марш на синдикатите во Москва по повод Денот на трудот, 1 мај.

Оваа година маршот помина под слоганот “Раст на цените – мали плати”.

430x330

Изборот на слоган од Федерацијата на независни синдикати во Русија го објаснија со тоа што е потребно да се зголеми солвентност на населението, што од своја страна ќе ја подобри генерално состојбата на економијата во земјата.

Меѓу други слогани кои беа содржани на процесијата, беа барања за зголемување на минималната плата, обезбедување на безбедноста на трудот, намалување на обврските и дополнителниот труд на работниците. Освен тоа руските синдикати инсистираат да не се дозволи зголемување на возраста за пензионирање во земјата.

По традиција на маршот се приклучи градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и претставници на партијата “Единствена Русија”.

Масовно учество обезбедија и од Национално ослободително движење, активисти од Општорускиот народен фронт, Федерацијата на независни синдикати на Русија, Синдикатот на работниците од Москва и партиите “Праведна Русија” и комунистичката партија.

Според информации на милицијата во Москва на 1 мај во градот ќе се одржат околу 300 различни настани, за редот и безбедноста на кои ќе се грижат повеќе од 8 000 луѓе. За да се обезбеди редовниот состав се испратени околу 5.000 лица од внатрешните сили, претставниците на народното движење, волонтери и приватни чувари.

Слични содржини