Најмалку 20 цивили загинаа во воздушните напади во Сирија

од Vladimir Zorba

Најмалку 20 цивили загинаа, а седуммина се повредени во провинцијата Рака, во воздушниот напад на меѓународните коалициски сили, предводени од САД, јави Сана.

Според сириската агенција, инцидентот се случил сношти, осум километри јужно од градот Рака, а двајца повредени се во критична здравствена состојба.

Коалицијата, предводена од САД, врши воздушни напади во рамки на офанзивата за преземање на контролата на градот Рака, кој претставува упориште на територијата на Исламска држава во Сирија.

Слични содржини