Бројот на бегалците од подрачјата зафатени со воени дејствија, кои преку Грција пристигнуваат во Прифатниот центар во Гевгелија, последниве денови континуирано се намалува.

migranti-na-granica-22-740x483 (1)

Од регионалниот центар за управување со кризи во Гевгелија, денеска информираа дека изминативе 24 часа биле евидентирани само 610 мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак и оти во моментот во кампот има 260 мигранти и околу педесетина чекаат на грчка територија кај котата на граничниот камен 59.

Најдени гранати, апсења, сообраќајка, повеќе кривични…

Релативно мирната состојба во и околу ПТЦ Гевгелија се користи за продолжување на почнатите активности за изградба на нови тоалети и сушална за алишта, за поставување изолација на куќарките, а профункционира и поставениот рефлектор за осветлување на паркингот пред кампот./МИА

Слични содржини