Во превод “пешмерга” значи “оние кои ја гледаат смртта право во очите”. Токму тоа го прават и борците на курдската Деветтата бригада: тие војуваат против терористичките милиции на ИД. Тим на DW поминал со нив 48 часа во Ирак.

0,,19278442_303,00

Се движиме покрај дебел бетонски ѕид и жица. Автомобилот ни се приближува кон една од воените бази на борците Пешмерга сместена јужно од ирачкиот Киркук. Само неколку километри оттука е и фронтот. Не понудија со чај. Полковник Ахмад Таха не донесува во офицерска соба. На 20 квадратни метри се наоѓаат три кревети, телевизор и клима уред. Ги собуваме обувките во ходникот. Всушност имаме договор за средба со командантот на бригадата – генерал Араз Абдулкадир. Тој, сепак, се извинува по телефон дека ќе биде средбата доцна и вели дека сигурно ќе дојде. Но кога? Тоа се уште не е јасно.

За вечера има ориз и грав

Додека го чекаме генералот, полковник Таха ни раскажува дека се обучувал за ракувањето со оружје во Германија. “Автомати” Г36 “и противтенковски ракети” Милан “се многу подобро оружје. Токму од такво имаме потреба и ние”, вели тој. Борците на Пешмерга се благодарни за испорака на ова оружје. Германците сепак заборавиле на муницијата. “Снабдувањето со муниција тука е лошо”, продолжува полковникот.

Офшор врската и на Порошенко во Германија

Надвор во дворот неколку борци се во редица пред импровизираната кујна. За вечера има ориз и грав. До кујната има мала пекарница каде вечерно време се пече леб за борците. Токму ја завртевме камерата и неколку борци веднаш ги извадија нивните мобилни телефони. Изгледа дека хобито на борците Пешмерга е да се сликаат со новинари.

0,,19278446_401,00

Полковник Таха ни покажува една слика на која ја прегрнал ќерка се. Неговиот син е на три години. “Жал ми е за семејството. И тие се загрижени за мене. Кога ќе разберат дека учествуваме во борби, мобилниот телефон не престанува да ѕвони”, вели тој. Пред неколку дена неговата бригада презела офанзива за ослободување на селото Башир. Борците Пешмерга нападнале, за да ги поддржат шиитските милиции и ги потиснале ИД . Многу други села во околината сепак се уште се во рацете на терористите.
Ни дозволија да преноќеваме и не сместија во просторијата каде наоѓаат прва помош.

“Ова е најчиста соба во базата”, вели полковник Таха. Одеднаш настапува врева. Најпосле пристигнува генерал Абдулкадир и тоа го покренува расположението. Тој не честита и нареди да ни се сервира чај. Почнуваме да зборуваме, но одеднаш некој му се јавува. Му објавија дека борец на ИД се предал на курдските борци. Известуваат дека ќе го доведат во базата. Не ни дозволуваат да го фотографираме, но сепак можеме да присуствуваме на сослушувањето.

Борецот на ИД е тинјеџер, се држи мирно, додека одговара на прашањата на генералот. Вели дека е од едно сунитско село во близина на фронтот и бил 11 дена во редовите на ИД. Предавал информации на курдската тајна служба. Непосредно пред да го откријат, преминал линијата на фронтот и се предал, вели тој. Го одведоа. Борците на Пешмерга прво треба да се утврдат дали неговата верзија одговара на вистината.

0,,19278449_401,00

“Уште ли сакаш да дојдеш со нас?”

Ноќта е пократка. Непосредно пред 6:30 еден офицер Пешмерга не буди. Ни дозволуваат да се придружиме на патролата до фронтот. Велат дека во раното утро било забележано сомнително движење на борци од ИД. Генерал Араз Абдулкадир сака лично да ја провери ситуацијата. Се движиме со два џипа кон линијата на фронтот. Минуваме низ неколку премини и наидуваме на тим деминери. Доаѓаме до долг ров. Топло е. Панцирот почнува да ме стега, а шлемот постојано паѓа над моите очи. “Таму каде одиме, се наоѓаат милициите на ИД. Уште ли сакаш да дојдеш со нас?”, прашува генералот и се смешка. “Откако дојдов”, одговарам јас.

Во овој дел на фронтот врие од борци. Генералот се информира за движењето на џихадистите. Следното село под контрола на ИД се гледа со голо око и имаме можност да го фотографираме. “Внимавајте со камерата! Отаде има снајперисти”, вели еден борец Пешмерга.

Се враќаме назад. Во основа се збогуваме со генерал Абдулкадир, кој брза да се врати дома. Жена му треба да оди во болница. По два дена би требало да се роди второто дете.

Потсетуваме дека по распадот на турската империја единствените нации кои не дбија свои држави беа Македонците и Курдите , чии територии беа поделени. Македонските беа поделени помеѓу Србија, Бугарија, Албанија и Грција, а Курдските беа поделени помеѓу Турција, Сирија, Иран и Ирак…

Слични содржини