Наследничката на Сваровски се омажи во фустан од близу милион долари, а тежок 46 кг

од Vladimir Zorba

23-годишната наследничка на империјата “Сваровски” Викторија и нејзиниот љубен Вернер Мјорц организираа спектакуларна тридневна свадба во италијанскиот град Трст. Крупната сума фрлена за венчавката се виде уште од фустанот … или подобро кажано фустани. Првиот чекор кон брачниот живот Викторија, која е позната пејачка во Австрија, го направи во фамозна и воодушевувачка творба на филипинскиот дизајнер Мајкл Синко, на кого ѕвезди како Бијонсе, Џенифер Лопез, Ријана и Лејди Гага неколкупати се потпираа.

Овој пат, сепак моделиерот се надмина себе, бидејќи кралската чипкана свадбена одежда на богатата наследничка беше нанижана со повеќе од 500 000 кристали и тежеше речиси 46 кг, а долниот ѝ заземаше речиси половина црква. Велот пак беше со должина над 8 метри, а изгледот ѝ беше дополнет од чевли на прочуениот “Џими Чу”. Според медиумите само овој фустан на “Дијамантската принцеза” го чинел на младоженецот и нејзиното семејство фрапантни 1 милион долари. Со него таа беше одведена до олтарот од својот татко – Пол Сваровски.

По црковната церемонија Викторија се преоблече во друга, поскромна тоалета на истиот дизајнер и го доотпразнува со неа склучувањето на бракот со 40-годишниот претприемач во областа на недвижниот имот Вернер Мјорц со кого се заедно веќе 7 години.

За време на тридневните свадбени церемонии со речиси 250 гости Викторија носеше и уште еден фустан. Но тој не беше бел, туку светло црвен со гол грб и длабоко V деколте, бидејќи и темата на свадбата беше бела и црвена боја.

И сепак имајќи ја предвид финансиската состојба на Викторија, тоа тешко може да се прифати како “испад”. Според информациите таа е најбогатата накит-наследничка во светот, чија сопственост изнесува десетици милијарди долари. Освен тоа таа располага со уште 10 милиони долари лични финансиски средства заработени од музичката нејзина дејност.

Слични содржини