НАТО ќе го презакаже состанокот за да учествува и Тилерсон

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е „апсолутно сигурно“ дека полугодишниот состанок на шефовите на дипломатиите на Алијансата ќе биде презакажан за да може да учествува и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Столтенберг наведе дека тој во Вашингтон имал средба со Тилерсон на која разговарале и за престојниот состанок. Претходно беше соопштено дека Тилерсон планира да не учествува на министерскиот состанок на НАТО најавен за почетокот на април во Брисел./ 24вести

Слични содржини