НАТО официјално го подигна знамето на Црна Гора

од Vladimir Zorba

НАТО за првпат го  подигна знамето на Црна Гора пред седиштето во Брисел на церемонија, со која официјално беше поздравена 29-та членка на Алијансата, информира “Политико”.

Балканската држава се приклучи кон воениот сојуз во напорен момент, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп одбива да ја потврди доктрината на НАТО за колективна одбрана.

Русија во исто време е бесна од одлуката на Црна Гора, ако се земат предвид длабоките историски, религиозни и културни врски меѓу двете држави . Двоглавиот орел на знамето на оваа балканска земја е дел од грбот на Русија. И покрај противењата на Москва, сега знамето е поставено до тоа на САД и на другите земји членки.

На денешната церемонија, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг не ја спомена Русија. Но приемот на Црна Гора во Алијансата е со делумно намера за ограничување на влијанието на Москва на Западен Балкан.

Главната стратешка предност на земјата се длабоките пристаништа во Јадранското Море, кои даваат лесен пристап до Средоземното Море. Иако државата е со околу 2.000 воен персонал, таа е далеку со најмалата армија. Исланд и Луксембург имаат под 1000 војници.

Столтенберг истакна дека сега Црна Гора е рамноправен партнер во напорите на НАТО да одржува меѓународната стабилност.

Претседателот на балканската држава Филип Вујановиќ  го поздрави настанот како “голем ден за Црна Гора”.

Слични содржини