Државата да си ја превземе обврската и да обезбеди капацитети за сместување на мигрантите, џамиите каде што се носат треба да се испразнат бидејќи утре започнува рамазанскиот пост, порачуваат од Исламската верска заедница, информира Нова.

23023golema-540x279Од ИВЗ потенцираат дека мора да се обезбеди простор за верниците да можат да ги изведуваат верските обреди за време рамазанските пости.
„Ја повикуваме државата да си ја преземе обврската и да обезбеди капацитети за сместување на бегалците, а не да ја префрла топката на нас. Има доволно ресурси, не може ИВЗ да ја презема одговорноста на државата. Сочуствуваме со тие луѓе но, треба институциите да си ја преземат обврската. До вчера не ги пуштаа, а сега ги носат во џамиите каде што нема место за верниците„изјави за НОВА Агрон Војника директор на Секторот за односи со јавноста во ИВЗ.

Војника објаснува дека и ИВЗ помагала со делење на храна за мигрантите, вчера и тие делеле пакети во Велес. Од таму се револтирани бидејќи синоќа четири вагони со мигранти биле однесени во џамијата во Куманово.

„Дали некој сака намерно да предизвика конфликт. Државата, УНХЦР и други организации кои се занимаваат со мигрантите земаат финансиски средства за тоа и треба да си ја завршат обврската“, вели Војника
.
Тој порачува дека џамиите за време на постот треба да бидат место за верниците.
(…)

Од Невладината „Легис“ велат дека барањето на ИВЗ е крајно нехумано бидејќи месецот Рамазан е поврзан со милосрдие и со сочувство со сиромашните посебно кон луѓето кои немаат никого и ништо во оваа земја.

„Ако нашата земја нефункционира џамиите можат барем овие неколку дена да ги примат и тоа нема да биде долго, туку до утре, до донесување на Законот или максимум една недела, а верниците повторно ќе можат да си влезат во своите празни џамии и да си ги извршуваат молитвите. Но, молитвата за Рамазан не е на еднакво ниво како што е обврската за давање помош на сиромашните. Јас не велам дека ИВЗ од џамиите треба да направи емигрански центри, туку само да го покаже и отвори своето своето срце и како што ги отвара своите донации да помогне и на оние кои што минуваат од тука“ вели Јасмин Реџепи од „Легис’.

Што се однесува до државата од „Легис“апелираат да им овозможат на бегалците да го користат јавниот превоз до донесување на Законот бидејќи и така тоа го прават пеш или на велосипеди.
извор: Нова

Слични содржини