Последно е дека нема договор и дека иако има воља да продолжат преговори по работните групи, роковите с е пробиенини, а  клучно е тоа што ги започна всушност преговорите-БОМБИТЕ. (Не)Објавувањето на бомбите или законско нивно елиминирање е пазарот за гласање на министрите, за обвинителите на Јанева , за функционирање на преодната влада и така со ред… Всушност еврокомесарот Јоханес Хан , веројатно вчера конечно разбра дури сега дека е повторно на почеток. А сега веројатно веќе ќе нема рокови , а тоа само по себе ќе значи дека и нема односно има квази договор кој ќе го диктира Власта, опозицијата ќе трчка и ќе негодува, и на крајот не е ислучено пак  да влезе со нов сет на објавување на бомби . Меѓународната си се соочи со поразот и сега ќе се обидува да нагодува и менаџира .

резиден

Еврокомесарот Јоханес Хан замина разочаран од Скопје откако без успех завршија преговорите на четирите политички партии. Тие не постигна договор по ниту едно од отворените прашања. „Разочаран сум, ова беше лош ден,  но се уште сум оптимист. Политичките лидери треба да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и да покажат лидерство. Не може Европа да носи одлуки за македонските лидери“, рече Хан и ја напушти резиденцијата на ЕУ во Пржино.

Тој предупреди и дека овој дебакл на преговорите може да се одрази на македонските евроинтеграции  со оглед дека за околу две недели се очекува објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија и прашање е дали ќе има препорака за пристапни преговори со ЕУ. Маратонската средба заврши околу 4 часот утринава.

На преговорите во Пржино откако се собраа сите и заврши првиот серијал резиденцијата прв ја напушти американскиоот амбасадор Џес Бејли

По некое време  од лидерите вољно си даде  лидерот на ДПА Мендух Тачи без да даде изјава

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, триесет минути по полноќ, ја напушти лидерската средба , и  кажа дека постојат мали разлики во ставовите на лидерите на четирите политички партии и дека нема договорено име за министрите кои од денеска според договорот требаше да бидат избрани и изгласани од Собранието за членови на новата влада.

-За некои работи ги приближивме ставовите, за некои воопшто не. Договоривме работните групи од партиите да продолжат со преговори за надлежностите на преодните министри, рече Ахмети.

На крајот во резиденцијата на ЕК останаа само лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и меѓународните претставници. Во очекување на изјавите засега нема информација што договориле и кои се сега измените и кој што попуштил. Прв  на разденување откако беше јасно дека веќе нема шанси да биде постигнат договор од резиденцијата излезе  Заев кој рече дека не му е јасно како од 12 часа разговори најголем дел биле потрошени на законот кој се однесува на објавувањето на бомбите. Сепак тој смета дека за него не е се изгубено затоа што има уште 20 часа да се испочитува рокот за да се изгласа целосниот тим на специјалната обвинителка Катица Јанева и да се избере техничка Влада.

 Никола  Груевски не даде изјава, туку на новинарите им се обрати пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Според него договор нема но имало приближување на ставовите за сите теми кои биле отворени,. Тој предност му даде на изборниот законик, и рече дека  дури тој може уште денеска да се најде во Собрание. Димовски потврди дека најмногу несогласувања имало околу објавувањето на “бомбите„ и надлежностите на замениците министри, бидејќи тие не постојат во Уставот. Според изјавите на сите учесници во преговорите кои завршија неуспешно, најверојатно работните групи на четирите партии ќе продолжат да преговараат, но еврокомесарот Хан кажа дека сега веќе нема никакви рокови, единствено очекува да се испочитува се во Договорот од Пржино што беше постигнат во јули.

Слични содржини