Нееднаквоста во модата: Мажите заработуваат помалку

од Vladimir Zorba

Тоа е еден од ретките исклучоци во вообичаената разлика во платите меѓу мажите и жените во корист на посилниот пол. Во светот на модата, мажите добиваат помалку при еднаква работа и способности, забележува АФП. Меѓу десетиците млади мажи кои дефилираа на модната недела во Милано никој не може да се надева дека еден ден ќе им конкурира на модните писти на ѕвездите од понежниот пол, како по слава, така и по плата.

И додека имињата на Жизел Бундхен, Кејт Мос и Наоми Кембел владеат светот на модата, нивните колеги мажи, како Американецот Шон О`Прај или Англичанецот Дејвид Ганди, се речиси непознати за пошироката јавност.

Во интервју за “Сандеј Тајмс” Дејвид Ганди вели: Во модната индустрија највисоко е фотографот, потоа жената манекенка, стилистите, асистенти и дури на крај: мажот модел. Иако пазарот на луксузна машка и женска облека  генерира слична продажба – кон 30 милијарди долари секој – модата останува индустрија, насочена приоритетно кон жените. Естетските податоци на жените ги привлекуваат повеќе модните брендови и списанија, бидејќи даваат повеќе можности за продажба на одреден производ и тоа доведува до пораст на платите на жените манекенки.

Листата на списанието “Форбс” од 2013 за најдобро платените манекени покажа дека Жизел Бундхен го заработила за година износот од 42 милиони долари или 28 пати повеќе од нејзиниот колега Шон О`Прај, кој застана на чело кај мажите модели со некој милион и половина.

Разликата во платите меѓу двата пола се намалува сепак надолу по хиерархиска скала. Просечните плати во САД на мажите и жените манекени е некаде околу 30 000 долари годишно. Многумина од нив сепак живеат во неизвесност и се принудени за време на шупливи периоди да бараат дополнителна работа. Голема предност на мажите сепак, е дека кариерата им трае подолго. Во овој занает мажите заработуваат подобро помеѓу 30 и 50 години.

Слични содржини