Нејмар: Кривичната одговорност е исклучена

од desk3

Фудбалерот на Барселона Нејмар излезе со официјален став неколку дена, откако Врховниот суд на Шпанија го отвори случајот “Нејмар-2”.

638-397-nejmar

“Ја добивме веста за одлуката на судот во Мадрид и за текот на бразилската компанија” DIS “која поднела барање за истрага во врска со потпишувањето на Нејмар со Барселона. Ние го задржуваме спокојството, бидејќи сите договори се потпишани со почитување на законот, со етика, морал и знаење на Сантос и Барселона “, се вели во соопштението на бразилскиот фудбалер.

“Ние сме спокојни, бидејќи според нашите адвокати по првичната одлука на судот е конечно исклучена кривичната одговорност. Овој заклучок ми дава мир и спокојство, за да продолжам работата “, додава 24-годишниот фудбалер.

“Ние остануваме убедени дека на крајот ќе дојде до конечни позитивни резултати и одговори”, вели уште Нејмар во својата изјава.

Слични содржини