Пазарењата  за избор на специјалниот обвинител и законската поставеност  си течат. Партиите као глумат контруктивност, као преговараат, као бараат решение,  а всушнот само трошат време и влечат, за да го скратат времето на дејствување на спецобвинителот, пополнувајќи го со агресивна кампања на вождот.Тоа е стратегијата на владеачката ВМРО ДПМНЕ , за да не се изгуби власта.

ванхој

Специјалниот јавен обвинител треба да биде избран до вторник како и што беше договорено на партиските разговори водени под меѓународно посредство .Груевски вели исто треба и не треба да се блокира, Заев  дека нема отстапки,  Ахмети пак „најсвеж“ во интервју за весникот Коха потврдува дека сетоа  ќе биде .Она што ние го дознаваме  исто е дека  и законското пакување и името на спец обвинителката, всушност  веѓе се дефинирани,  исто како што е пробиена стратегијата на ВМРО ДПМНЕ, но  дека ќе играат вака, до денот Д.

Прашање на време  е само денот  за парламентарната потврда на одлуката која , нормално ќе произлезе од преговарачките групи а ќе „асисистираат „меѓународните гаранти. Хан доаѓа на 18-ти, и можеби максимум што може да се пролонгира е до тој рок, односно до неговото доаѓање во Пржино или Скопје сеедно.

Неговата претходница деновиве веќе на големо разговара со граѓанската и медиумската заедница,сондира  што е позитивно, што е негативно во процесот и кои треба да бидат нужните идни чекори.

Спецобвинителот за сите е клучна точка, особено за  Груевски кој е најмногу засегнат. Големите очекувања од  опозиционерите на власта дека тој ќе биде веднаш спакуван во затвор, поумерениете пак   не очекуваат ништо повеќе од отворање на процес за (не) делата на власта. Процес секако ќе има. Иако Груевски сеуште е главен во кампањата за наредните избори , ВМРО ДПМНЕ веројатно го има утврдено  идниот премиер на местото на Груевски. Веројтано ќе биде повторно Никола ама Поповски,на кој повеќе му веруваат странците отколку на Тодоров. Тука во таа насока , олеснувачи се пратениците вмровци од првиот парламентарен состав,  кои се погласно велат не ја напаѓајте целата партија туку само раководството и лидерот Груевски.

Опозицијата пак здушно очекува спроведување на договорот на Хан, и тоа за нив е најлесниот пат.Одработија тие многу но ќе имаат тие сериозен проблем со кадровските решенија, и тоа ќе бидеглавниот тест и  показ  за нивната сериозност во намерите за менување на стилот и навиките на владеење на сеуште докрај непотврдената реформирана СДСМ.

Ќе се мачи Заев  уште за да докаже дека има луѓе , дека има свои компетентни поддржувачи  не само за доаѓање на власт,  туку за останување на власт.

Иако Црвенковски  се фати на  орото и заигра , во неговиот бастион селото  Слатино,чекорот одамна го има изгубено и може само да се слика, велат приврзаниците на Заев.

Ахмети исито така е серозно засегнат од спец обвинителот. Тој сега глуми констриктивност па насочува кон некаков „рамковно “ спец обвинителство, и демек спори за   бројката на заменици-обвинители во тимот па бара осум од кои тројца би биле Албанци. Неговиот проблем  е сепак во веројатно крајот на неговата партија ДУИ од која веројатно како на времето со ПДП ќе произлезат две,  но овојпат проширени и надградени и со командатите и со бунтовниците од ДПА.

Груевски останува да живее и да си ги изодува  своите 100 и некој чекор, и тера со засукани ракави по селски бавчи и патчиња  како да ништо не му се случува, и телефонски да решава проблеми  на граќаните. Тера така со директен пренос , преку своите  ТВ мегафони се додека и нему не му заѕвони телефонот за да го прашаат уште еднаш  за колку време рекол дека ќе го реши проблемот  наречен Македонија,  спакуван од името до кумановската криза и тврдењата на сведокот СБ.
Во меѓувреме и преговорите на работната група која треба да го договори спроведувањето на договорот од Пржино продолжуваат. Се разбира и денеска.Отчетноста  е нужност исто као што зборот е збор , се сеќавате им напиша и им  рече  медијаторот Питер Ван Хауте .

Ад

Слични содржини