Нема хемиско оружје: Новинари без гас маски ја посетија погодената авио воена база – гаѓана од САД со ракети

од desk2

Ниту Пентагон ниту Стејт департментот на САД не доставија докази дека има хемиско оружје во Сирија.

Неколку часови откако САД нанесе ракетни удари врз авио базата во Шејрат, се уште нема докази дека таму имало хемиско оружје, објави РИА Новости.

Ова го изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана генерал – мајор Игор Конашенков.

Досега авио базата беше посетена од десетски претставници на медиумите, на локалната администрација, спасувачи и лекарии.

Конашенков истакна дека во Шејрат не се пронајдени складишта или муниција со хемиско оружје. Освен тоа не им било потребно на присутните во авио базата да стават гас маски за да се чувствуваат сосема нормално.

“Се поставува прашањето кој уште еднаш е без причина го информира претседателот на САД, без квалитетни докази и податоци за присуство на хемиско оружје во Сирија? Тоа веќе многу личи на случајот со белиот прав, даден на Колин Пауел или во извештаите на англискиот премиер за хемиско оружје во Ирак, по кои започна војната во Заливот “, потсети Конашенков.

Слични содржини