Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирано е можна и краткотрајна појава на град. Нестабилноста се очекува да биде позастапена во северозападните односно западните и јужните делови од земјава како и на планинските места.

 

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 22, а дневната од 30 до 38 степени, а УВ = 7.

 ох

СКОПЈЕ   Сончево со мала до умерена облачност и умерен северозападен ветер, Попладне има услови за локален краткотарен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 35 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:  Во петок и деновите од викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник.

 

Слични содржини