Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го свикува Советот за безбедност на својот кабинет денеска за да разговара за рамковниот договор за иранската нуклеарна програма, објави “Ројтерс”. При телефонскиот разговор со американскиот претседател Барак Обама Нетанјаху изјави дека е категорично против договорот постигнат во четвртокот меѓу Иран и светските сили (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија).

zx450y250_2505597

Обама му се јавил на Нетанјаху, неколку часа по склучувањето на договорот и рекол дека тој претставува значаен напредок во насока долгорочно решение кое нема да дозволи Иран да направи нуклеарно оружје.

Во изјавата по разговорот сепак премиерот најави дека договорот од Лозана “се заканува на опстанокот на Израел”.

“Договорот ќе ја легитимира иранската нуклеарна програма, ќе ја засили иранската економија, ќе се зголеми иранската агресија и терор на Блискиот Исток и надвор од него”, рече Нетанјаху. “Ќе го зголеми ризикот од ширење на нуклеарно оружје во регионот и од ужасна војна”, додава тој.

Израел порано изјавувал дека може да преземе еднострани дејства за да спречи Иран да создаде нуклеарно оружје. Според “Ројтерс” тоа може да значи воздушни напади на нуклеарните центри во Иран.

Иако оваа реторика беше темперирана во последната повеќе од една година, според генерал-мајор Нимрод Шефер, шеф на одделот за стратешко планирање кон генереалштабот на армијата, тоа сеуште постои како можност.

“Воената опција отсекогаш била на масата, како што и секогаш сме велеле”, рече Шефер за весникот “Израел Хајом” денеска. “Не се споменува често во последно време во медиумите, но тоа не значи промена во политиката”, додава тој.

Според Нетанјаху наместо да го блокира патот на Иран кон атомска бомба, договорот ќе го отвори.

“Алтернативата е да останеме категорични и да го зголемиме притисокот врз Иран, додека не се постигне подобар договор”, рече израелскиот премиер.

Слични содржини