Според податоците на хрватскиот Државен завод за статистика, невработеноста во земјата во текот на јануари изнесувала 20,3 проценти и била зголемена за 0,7 отсто во споредба со предходниот месец, информира хрватскиот електронски весник „Дневник“.

За првпат од април минатата година невработеноста ја надмина границата од 20 проценти, но од друга страна нејзината големина е значително пониска во споредба со јануари минатата година, кога изнесуваше 22,3 проценти.

Во 2014 година најниска невработеност беше регистрирана во јули – 17,3 проценти.

Хрватска и натаму е меѓу земјите со највисока невработеност во Европската унија.

Според есенското истражување на „Евробарометар“, невработеноста е најголемата грижа за 66 отсто од анкетираните Хрвати./MИА

Слични содржини