Newshub: Џон Кери изјави дека се надева дека Доналд Трамп ќе се справи со улогата на претседател на САД

од Vladimir Zorba

461908356

Државниот секретар на САД Џон Кери ја поздравил изборната победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, додавајќи дека се надева дека бизнисменот ќе се справи со задачата што е пред него, пренесе Newshub.

“Сакам да ги изразам своите честитки на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и му посакувам се најдобро на него и на народот на САД, на неговото семејство”, изјави Кери. Тој додаде дека се надева дека Трамп ќе се соочи со предизвиците на претседателството.

Кери додаде дека успешно преминување меѓу владите е важно за САД и за светот. “Ние многу време ја почитуваме традицијата за мирно и конструктивно преминување на власта меѓу администрациите”, додаде тој.

Слични содржини