Колективните оставки во Државната комисија за спречување на корупцијата наидоа на рамнодушен прием во јавноста. Како кога ќе отворите стара тегла со кисели краставички: устата, инстиктивно, ви се собира од самото сеќавање на киселкастиот вкус на краставичките, иако знаете дека овие се омекнати, со поминат рок на траење, за фрлање. Не ги жалите.

И овие од ДКСК беа одамна скиселени, за фрлање.

Симптоматично е што никој во јавноста нешто посебно не се претргна да ги земе во заштита нашиве неславни антикорупционери. Обично, да беа навистина политички притисоци во прашање, барем некоја ќорава амбасада или некоја подзаспана невладина организација ќе се јавеше со збор-два протест… Ништо. Дури и ВМРО-ДПМНЕ си има поважна работа.

До сега, најзрела е изјавата на членот на Комисијата Сејди Халили кој си поднесува оставка додека, практично, ги читате овие редови: „Оставката не доаѓа само од притисокот (на јавноста), туку поради тоа што сакаме да отвориме пат за новите сили, луѓе и политки. (…) Според мое мислење, сите би требало да си дадеме оставка, да се објави конкурс или тоа да го реши новата влада. Треба да се избере нов состав, за да се борат против корупција на свој начин.“

…..

Просто, толку да ја подигнеме цената за членувањето во тоа независно контролно тело, што само најмотивираните и најдобрите да можат да поминат. Па да видиме, потоа, дали ќе гризат.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.