ВРЕМЕТО ДЕНЕС    Сончево и топло за овој период од годината, со мала до умерена облачност. Поодделни котлини ќе биде магливо, особено во долниот тек на Повардарието. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од јужсн  правец. Температурата ќе се движи од 17 до 23 степени.

 

studeno

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 19 степени.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ    2 Берово, 0 Битола, Тетово, Скопје-Петровец, Струмица, 2 Кр. Паланка, Штип, Д. Капија, Маврово, 3 Скопје-З.Рид, Прилеп, Кавадарци,  Куманово, 4 Охрид, Претор, 6 Виница, 7 Крушево, 8 Гевгелија и 14 Дојран.

 ВРЕМЕТО УТРЕ   Претежно сончево со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 0 до 7, а дневната од 17 до 22 степени.

 

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ    До сабота ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината. Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во недела ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Слични содржини