По долги координации, и паузи во текот на целото попладне , дури петнаесет минути по полноќ, ноќеска пратениците во Собранието на Република Македонија со 92 гласа „за“, 3 „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка, согласно договорот постигнат меѓу партиите потписнички на Пржино,  ги изгласаа измените во Изборниот законик.

собрание2

 

Изборниот законик ќе претрпи измени кои се однесуваат на Избирачкиот список, вклучително и можноста Државната изборна комисија да ги брише оние гласачи од списокот што нема да се пријават во предвидениот рок.

Според партискиот договор рок за пријавување ќе биде даден на 39.502 лица кои се сметаат за спорни.Три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за било кое име. Во таков случај, тие членови можат да побараат личноста да се појави лично ако живее во земјата или преку видеоконференција ако живеат во странство. Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по 25-дневниот период.

Измените во изборниот законик беa причина опозицијата повторно да се активира во Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески синоќа  изјави дека опозицијата ќе учествува во работата на Собранието, бидејќи сериозни обврски произлегуваат од Договорот за фер и регуларни избори што е постигнат, што треба да се реализираат и преку Парламентот.

. Сите наши чекори во текот на целиот овој процес на политичката криза што ја предизвика власта се во таа насока, рече Сугарсеки на вечерашната прес-конференција во Собранието.

Пратеникот од Демократскиот Сојуз Павле Трајанов посочи дека во Избирачкиот список останува простор за манипулации.

-Oвa е е еден театар на апсурдот. Остануваат можностите на манипулации. Овој список не се прочисти 20 години,а  нити ќе се прочисти бидејќи нема политичка волја, рече Трајанов.

На почетокот на седницата координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, побара предлог-законот да се повлече од дневен ред поради технички грешки, но неговиот предлог не беше прифатен. За неговиот предлог гласаа 15 пратеници, а 76 беа против.

Предлог за измените на изборниот законик во Собранието ги поднесоа пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Слични содржини