Нов опасен и смртоносен коридор за мигранти во Црното Море

од desk3

Нов опасен пат за пренос на бегалци во Европа се смета дека е отворен во Црното Море, откако беа уапсенипоследните недели стотици имигранти, пишува  “Гардијан”. Крајбрежната стража на Романија предупредува дека овој коридор може да се покаже и смртоносен во споредба со Медитеранот. Во последните години Букурешт воопшто не беше многу погоден од бегалската криза. Сепак последните денови покажуваат дека шверцерите се обидуваат да протуркаат мигранти во романските води во Црното Море. Во меѓувреме Ангела Меркел го повика Будимпешта брзо да ја спроведе одлуката на Судот на ЕУ, кој ги отфрли жалбите на Унгарија и Словачка против планот за задолжителни квоти за распределба на кандидатите за азил. Неприфатливо е земја – членка на ЕУ, да тврди дека не е заинтересиран за решение на Европскиот суд, изјави германската канцеларка.

Слични содржини