Никој нема обезбедено докази за бомбардирање на цивилното население во Сирија од страна на руските сили посочувајќи  дека меѓу Русија и НАТО започна нов период на Студена војна, истакна премиерот Дмитриј Медведев на Меѓународната к.онференција за безбедност во Минхен

медвед

“Политичката линија на НАТО во однос на Русија, по наши проценки, останува непријателска и затворена. Можеме да го кажеме тоа  и поостро – всушност ние завршивме во времиња на нова Студена војна. Едвај не  ама секој ден ни прогласуваат за најстрашната закана – ту за НАТО во целина, ту за Европа, ту за Америка и другите земји. Понекогаш мислам дали живееме во 2016 година или во 1962 “, коментира рускиот премиер.

Во меѓувреме на истиот форум генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО не сака Студена војна со Русија.

Според него односите со Москва треба да се градат “на одбрана и дијалог”. “Повеќе одбрана и повеќе дијалог”, истакна Столтенберг.

Шефот на НАТО истакна на конференцијата во Минхен дека не  ја смета Алијансата за “лудак, кој трга  кон конфликт со Русија”. Тој појасни дека Алијансата не се откажала од проектот ЕвроПРО, кој сепак не е насочен против Москва. Столтенберг разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за можно организрање на Советот Русија-НАТО.

Слични содржини