Со учество на докажани светски научници и доктори во областа на канабисот од Здружението „Зелена алтернатива“ за 20 мај го најавуваат петтиот семинар. На семинарот предавањата ќе бидат поврзани со истражувања, теории, искуства и третман со канабис за разни здравствени состојби.

„На истиот ќе бидат присутни и македонски лекари, кои ќе ги кажат своите искуства и дилеми во препишувањето на канабисот во последниве две години. На семинарот ќе присуствуваат и пациенти кои ќе ги споделат своите искуства“, соопштува „Зелена алтернатива“.

Досега е потврден истражувачот и доктор Пол Хорнби од Канада, потоа еден од најистакнатите светски експерти за ендоканабиноидниот систем, чешкиот доктор Лумир Хануш, а од Ветеринарен факултет треба да има предавање за искуства во користење канабис кај миленичиња. Листата на останатите учесници ќе биде дополнително објавена.

Слични содржини