ојо

Осомничените се товарат за терористичко заг розување на уставниот поредок и на безбедноста, од член 313, и за здружување заради непријателска дејност, од член 324 од Кривичниот законик, а дел од групата и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, од член 396, став 2, вв став 1.

Во текот на вчерашниот ден, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши увид на местото на настанот во Куманово, во населбата Диво насеље и прибра докази кои смета дека ќе бидат од значајна корист во понатамошната истражна постапка.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде наредба за обдукција на сите починати лица. Истражната постапка продолжува./МЕТА