Окс веројатно ќе го пропушти Светското

од Vladimir Zorba

Алекс Окслеид-Чемберлен може да се прости со своите надежи за настап на Светското првенство откако неговата повреда од натпреварот со Рома минатата ноќ е сериозна.

Играчот од средниот ред на Ливерпул замина во средината на првиот дел, кога, по судир со Александар Коларов, остана на земја поради проблеми со коленото, а потоа беше изнесен на носилка.

Претстојат нови тестови кои ќе покажат за што точно станува збор, но првичните впечатоци се дека неговата ситуација е доста тешка и повредата е сериозна.

„Ние сеуште немаме јасност, но медицинскиот тим е прилично загрижен поради тоа што може да биде навистина сериозна повреда. До крајот на сезоната нема многу време и првите знаци не се добри“, рече менаџерот Јирген Клоп.

Окслеид-Чемберлен се очекуваше да отпатува за Русија откако играше во последните две контролни на Англија. Тој има 42 настапи за Ливерпул, во кои постигна 5 гола.

Слични содржини