По подолг молк во јавноста и неогласување околу политичката криза, со објавување на опозициските „бомби“ и владиното обвинување за „пуч“, шефот на државата, претседателот Ѓорге Иванов се огласи преку тв Сител.

голе

Во нарачаното интервју , прашан дали имал средба со лидерот на СДСМ, Иванов се пожали дека веднаш откако Заев бил избран за лидер на СДСМ го повикал за да му пренесе пораки, но дека опозицискиот лидер ја одбил поканата.

– Тој нема стапнато во претседателскиот кабинет. Како тогаш бараме завршница, како бараме излез, ако нема дијалог во институциите – запраша Иванов.

Шефот на државата потсети дека по случувањата во парламентот на 24 декември, им се јавил на претходниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски и на премиерот Груевски, па тројцата зад затворени врати разговарале.

А Заев одбива средба со мене – вели Иванов.

На инструираното  прашање од новинарот на тв Сител дали ќе го аболира Заев за случајот „Пуч“ за кој и нема почнато судска разврска, Иванов вели дека сега законот бил сменет и веројатно не ќе можел да го направи тоа. Депримираниот  и некако замолкнат претседател , иако исклучен од клучните настани во државата,  кажа и дека ако не се гледало ама тој многу работел и имал важни средби и посети.

Слични содржини