Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

g_pajak-sluzba

Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач, еден сопатник и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 33 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 12 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 14 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, како и седум возачи кои поминале на црвено светло на семафор. Исто така, при контролите утврдени се неисправности кај четири возила од кои две се исклучени од сообраќај.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Слични содржини