Нуклеарниот договор, договорено во Виена од Иран и големите сили, открива нови хоризонти, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани на Twitter, цитиран од Франс прес.

0000269926-article2

Сега, кога оваа непотребна криза најде решение, Иран и големите сили можат да се фокусираат на заедничките предизвици, напиша претседателот, алудирајќи на борбата против џихадистичката група “Исламска држава”.

Според Рохани договорот покажува дека конструктивната посветеност на преговарачките земји доведе до добри резултати.

Претседателот го даде овој коментар по изјавите во Виена на иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, кој го дефинира договорот како нова страница во односите меѓу неговата земја и големите сили.

Иран тврди дека економските и финансиските санкции против него ќе отпаднат по договорот. Иранските сметки за милијарди долари ќе бидат одмрзнати согласно нуклеарнниот договор меѓу Иран и шестте светски сили, соопшти иранската државна новинска агенција ИРНА, цитирана од светските агенции.

“Економските и финансиските санкции наметнати од ЕУ и САД, ќе бидат укинати, кога ќе започне спроведувањето на договорот. Забраната и ограничувањата на економската соработка со Иран ќе биде поништена во сите сфери, вклучувајќи и во инвестиции во нафтената и гасната индустрија. Ќе падне забраната врз иранската авијација по три децении, како и забраните наметнати на Иранската централна банка, на Иранската национална нафтена компанија, на иранските бродските компании и на многу други институции и луѓе “, забележува ИРНА, без да го наведува изворот на оваа информација.

Отпаќаат забраните да бидат купувани и некои машини и технологии за двојна употреба. Иран ќе може да добива она што му треба, преку мешовита комисија меѓу Иран и “шесторката”. Ќе падне и и ембаргото над Иран. Ќе бидат воведени некои привремени ограничувања.

Иран ќе може да увезува и извезува оружје, а секоја трансакција ќе биде разгледувана одделно. Овие ограничувања ќе траат само пет години, ги реди агенцијата ште необјавените услови на договорот.

Во меѓувреме, францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус изјави дека нуклеарниот договор меѓу Иран и земјите од групата 5 + 1 ќе е доволно силен да издржи најмалку 10 години и дека големите сили внимателно ќе следат како Иран ги користи парите од откажувањето на санкциите, пренесоа агенциите.

Позицијата на Франција, која е позиција “на конструктивна цврстина, даде можност за постигнување на доволно силен договор, барем за првите 10 години. Во овој дух ќе следиме како се однесуваат”, рече Фабиус за “Монд”.

На прашањето дали е загрижен дека Иран може да се обиде да го дестабилизира регионот, користејќи ги парите кои ќе ги добие од укинувањето на санкциите, францускиот министер за надворешни работи изјави: “Ова ќе е еден од тестовите и ние ќе бидеме исклучително будни.”

Фабиус додаде дека не очекува француските компании да бидат казнети од Иран поради цврстината на Париз за време на преговорите и соопшти дека може да го посети Техеран.

Слични содржини