Русија ќе распореди ракетни системи С-400 “Триумф” во воздухопловната база Хмејмим во Сирија, каде што се наоѓа руската воздухопловна група. Ова го соопшти денеска пред Колегиумот на Министерството за одбрана во Москва министерот Сергеј Шојгу, пренесоа агенциите.

0000284440-article2

Тоа се случува “по одлука на високиот командант со цел да се обезбеди противвоздушна одбрана во сите насоки”, прецизира Шојгу. Ракетите С-400 се на оружје во руската армија од 2007 година.

Русија ќе ги користи во Сирија сите средства “со цел обезбедување на летовите”, вклучувајќи анти-авионски комплекси С-300, рече во меѓувреме претседателот на Русија Владимир Путин.

“Се надевам дека тоа, како и другите мерки ќе бидат доволни за да се осигура безбедноста на летовите”, изјави Путин.

Рускиот ракетен крстосувач “Москва”, опремен со анти-авионски систем “Форт” – поморски аналог на С-300, денес застапен на бробена должност крај бреговите на Латакија. Тој е подготвен да уништи било каква воздушна цел, потенцијално опасна за руската авијација, изјави Шојгу.

“Фигаро”: Турција ја саботира коалицијата против Исламската држава

“Покрај тоа, сите понатамошни дејства на ударната авијација ќе се врши само под заштита на ловци”, додаде рускиот министер.

Пилотот на рускиот авион Су-24, соборен вчера над Сирија, е спасен од специјални армиски единици на Русија и на Сирија и по 12-часовната операција и е пренесен во руска база – “жив и здрав”, информира Шојгу. Според првичните податоци пилотот на соборениот Су-24 загинал, убиен е и маринец, кој учествувал во спасувачката операција со хеликоптери.

Руското Министерство за одбрана ќе ја обезбеди целата потребна помош на семејствата на војниците, загинаа вчера во Сирија, увери Шојгу. Учесниците во заседанието одржаа комеморација со едноминутно молчење.

Екипажот на Су-24 и сите учесници во операцијата ќе добијат руски државни награди, командантот на летот ќе биде удостоен посмртно со титула Херојот на Русија, соопшти претседателот Путин.

Слични содржини