Министрите од Франција, Шпанија и Германија го набљудуваа од хеликоптер местото на несреќата на патничкиот авион А320 на германската авиокомпанија “Germanwings”, кој се урна вчера во француските Алпи, соопшти Франс прес.

AV

“Тоа што го видовме, се сцени кои не можат да предизвикаат ништо друго, освен ужас. Тоа е страшна трагедија”, рече германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер на прес-конференција во француското гратче Сент лез Алп после проверката од воздух. Тој рече дека причините за несреќата не се јасни.

“Тоа што го видовме, предизвикува шок”, рече германскиот министер за транспорт Александар Добринт. А шпанската му колешка Ана Пастор призна дека е “потресена од она што го видela”.

Тридневна жалост објави ЕК поради авиокатастрофата во Франција

HEL

Претставниците на германскaта и шпанската влада беа придружени при летот од францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов и министерот за екологија Сеголен Роајал, кои им изразија сочувство и ги уверија дека ќе биде направено сето за блиските и роднините на загинатите да бидат прифатени и сместени во соседните населени пунктови .

Се очекува денеска регионот, кој се наоѓа на 100-ина километри северно од францускиот медитерански град Ница, да биде посетен и од францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и шпанскиот премиер Мариано Рахој.

Во ноќта на местото на несреќата за безбедност беа донесени со хеликоптер и спуштени со јаже 10 вооружени полицајци. Пребарувачки тимови планираат да ги обноват летовите со хеликоптер . Друг тим од 65 спасители веќе се искачува пеш кон местото. Францускиот премиер Мануел Валце рече дека ндостапниот терен и паднатиот дожд ги забавуваат спасувачките работи и може да потрае неколку дена, пред телата на загинатите да бидат собрани.

Планинскиот водична спасувачите, рече дека од авионот останале само ситни парчиња и дека “тој е целосно исчезнат”. Според обвинителот Брис Робен од Марсеј, кој летал над регионоте и телата се расфрлани по стрмните планински падини.

Слични содржини