Откривањето на над 11 милиони документи на панамската компанија „Мосак Фонсека“ ја актуелизира приказната за „даночните раеви“ низ светот во кои моќните и богатите ги кријат своите пари.

панама-сити

Последните анализи за информациите од 210.000 компании покажуваат дека „Мосак Фонсека“ соработувала и основала офшор фирми и на лицата кои се наоѓале под меѓународни санкции. Еден од најпопуларните „даночни раеви “се Британските Девствени Острови каде се регистрирани 113.000 офшор компании, на второ место е Панама со 48.000 компании, а на трето Бахамите со околу 16.000 компании. Експертите наведуваат дека работењето преку офшор компании е целосно легално, но дека често богаташите ја користат оваа структура за да ги скријат вистинските сопственици и имотот, да спроведат тајна парична трансакција, да избегнат плаќање на данок и да перат пари.

 

Десетте најпопуларни „даночни раеви“ се:

1. Британски Девствени Острови (број на компании: 113.648)

2. Панама (број на компании: 48.360)

3. Бахами (број на компании: 15.915)

4. Сејшели (број на компании: 15.182)

5. Ниуе (број на компании: 9.611)

6. Самоа (број на компании: 5.307)

7. Ангуиља (број на компании: 3.253)

8. Невада (број на компании: 1.260)

9. Хонг Конг (број на компании: 452)

10.Велика Британија (број на компании: 148).

Слични содржини