Папата Франциск изјави, дека „нациите кои ги затвораат вратите“ пред мигрантите, барајќи убежиште во Европа, треба да побараат прошка од Бога, пренесува АФП. Ден откако министрите за внатрешни работи на Европа не постигнаа успех во изнаоѓањето решение за тоа како да се спречи приливот на мигрантите преку Средоземното море и како да се распределат веќе пристигнатите, Франциск настојува за поголема почит кон „нашите браќа и сестри, кои бараат спас далеку од своите земји“.

papa

„Ги поздравувам оние кои им помогаат и се надевам дека меѓународната јавност ќе дејствува единствено и ефикасно, за да ги спречи случаите на присилена миграција“, изјави тој и додаде: „Го повикувам секого да побара прошка од Бога за луѓето и институциите, кои што затвораат врата пред оние кои бараат заштита за семејствата“.

Слични содржини